Поради големите турканици во авионскиот сообраќај, кинеските власти одобрија проект вреден 11,2 милијарди долари за изградба на уште еден аеродром во Пекинг. Аеродромот ќе има седум писти, шест цивилни и една за воени намени. Веројатно аеродромот ќе биде јужно од градот, но за деталите околу почетокот на изградбата и дизајнот допрва ќе се одлучува. Новиот аеродром би требало да биде отворен до 2018 година.
Меѓународиот аеродром во Пекинг во последните три години е вториот најпрометен аеродром во светот, а минатата година низ него минале 81,8 милиони патници.
Патниците во Пекинг долго време се жалат на одложувањата, но уште еден фактор кој ги комплицира работите е распределбата на воздушниот простор меѓу цивилните и воените летови.