Пекинг во текот на оваа година ќе затвори 2.500 мали фирми, што се сметаат за загадувачи, како дел од напорите да се намали загадувањето на воздухот во кинеската престолнина, пишува Reuters.
Загадувањето е чувствителна тема во Кина, каде што секоја година се одржуваат илјадници демонстрации поради загриженоста на животната средина.
Тамошните власти ќе побараат три округа во Пекинг да затворат 2.500 компании до крајот на годината, додека во текот на следната година треба да се затворат уште такви фирми – загадувачи.
Оваа зима во Пекинг е вклучен црвен аларм поради енормното загадување на воздухот.