Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

76

Претседателот Стево Пендаровски од денеска, 23 мај 2022 година, понеделник, ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.

Предвидено е утре, 24 мај 2022 година, вторник, претседателот Пендаровски да учествува и да говори на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“, на која ќе говорат и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро и министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен.

Во среда, 25 мај 2022 година, претседателот Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан”.

Во рамки на учеството на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот.

Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај 2022 година, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени.