Македонскиот претседател Стево Пендаровски е во официјална посета на Хрватска, каде по вечерата со неговиот домаќин, претседателот Зоран Милановиќ, имал прилика да сврти круг со супер најбрзиот супер спортски автомобил на електричен погон.
“Имав чест по вечерата кај претседателот Милановиќ, со еден од гостите, Mate Rimac, основачот на Rimac Automobili, да свртиме круг со најбрзиот супер спортски автомобил на електричен погон, моделот #Nevera. Му посакувам деловен успех со најновата аквизиција на еден од најпознатите светски брендови“, напиша претседателот на Facebook.
Фото: Screenshot