Пендаровски во Давос се сретна со Жак Атали, првиот директор на EBRD

58

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на Светскиот економски форум во Давос оствари средба со Жак Атали, првиот директор на Европската банка за обнова и развој (EBRD), француски автор, професор, поранешен висок функционер и претседател на организацијата „Позитивна планета”, чија цел е борба против сиромаштијата и сите форми на исклученoст преку поддршка за најранливите заедници.

Претседателот Пендаровски на средбата со Атали, како влијателен светски интелектуалец, размени мислења за политичките случувања во Франција по реизборот на претседателот Макрон, за македонско-француските односи, како и за потребата од засилена европска солидарност и обединување како одговор на рускиот напад врз демократските вредности и безбедноста на Европа.

Атали ги сподели своите согледувања за надворешно-политичките прашања на ЕУ и воедно, претседателот беше запознаен со меѓународните активности и улогата на организацијата „Позитивна планета”.