Пенкала инспирирани од ликовите на стриповите

59

Италијанската компанијата Montegrappa DC Comics произведе луксузни пенкала испирирани од ликовите на супер хероите и злобниците против кои тие се борат.

Па така тука се стрип хероите Вондер Вуман, Супермен, Бетмен и Зелениот Фенер. Истотака и злобниците кои сакаат да го уништат Бетмен, лошиот Пингвин, Жената Мачка, Загатнувачот и добро познатиот Џокер.

Секое од овие пенкала е изработено од масивен месинг со колоритен дизајн кој потсетува на костимот на одредениот лик од стриповите, а на капачето на пенкалото е изгравиран емблемот на суперхеројот или злобниот лик.

slide-11slide-21slide-31slide-41slide-51slide-61slide-71slide-81