Пентагон го спасува BlackBerry, купува 80.000 телефони

9

blackberryПентагон најави дека до крајот на месецов на своите вработени ќе им подели 80.000 BlackBerry телефони. Ова ги раздвижи акциите на канадската компанија која до пред скоро време беше на работ на пропаст. Според Форбс, акциите на BlackBerry од почетокот на годинава скокнале за 34%, на 11 долари, од 5,75 долари на крајот на 2013.

Телевизијата NBC наведува дека американското министерство за одбрана се одучило за BlackBerry поради безбедноста што ја пружа при преносот на податоци.

Покрај 80.000 телефони на BlackBerry, Пентагон ќе набави и 1.800 телефони од Apple, Samsung и Motorola.