Пентагон со вештачка интелигенција ќе ја “предвидува иднината“

74

Американската војска развива програма под името GIDE (Global Information Dominance Experiments) во којашто се користи вештачка интелигенција со цел од голема количина на податоци да пронајде примероци што укажуваат на можни напади на чувствителни локации.

Во најновиот тест, Пентагон својот алгоритам на машинско учење во рамки на GIDE го стави во сценарио во коешто дошло до прекин во комуникацијата во Панамскиот канал, по што вештачката интелигенција со голема количина на собрани податоци, точно го предвиде времето и локацијата на непријателските напаѓачки акции и тоа со денови пред тие да се случат.

Податоците од кои GIDE ја “предвидува иднината“ доаѓаат од централен облак од различни извори како што се сателити, радар, разузнавачи и други, а се вклучени и надзорни и сателитски снимки, па може да се препознае закана од зголемен или намален број на возила на паркинг. Откако ќе ја препознае заканата, GIDE испраќа информација до оперативците кои се треба да ѝ доближат и да ја истражат локацијата.

Фото: Pixabay