Пензионери – хит на пазарот на труд во Србија

67

Поради недостиг на соодветен кадар, расте бројот на компании и институции што вработуваат постари лица во Србија, пишува Вечерни новости.

Работодавачите за овие луѓе, кои се веќе во пензија, велат дека се дисциплинирани, вредни и посветени, па затоа се подготвени да ги вработат.

“Интересот на пензионерите е голем, а со секоја пријава ќе направиме посебен план според нивите обврски. Многумина од нив ќе добијат можност со дополнителен стаж да ја зголемат својата пензија, бидејќи и за нив важат сите обврски кон државата како и за останатите вработени“, вели Оливера Чирковиќ, од компанијата Univereksport.

Според нејзе, многу е тешко да се најдат одредени кадри, како што се месари.

Во Србија не постојат законски ограничувања со коишто строго се одредува колку години после пензионирањето некој може да биде работно ангажиран. Пензионерите во оваа земја можат повторно да се вработат по договор за работа, за дело, авторски договор, и понатаму да можат да примаат пензија. Поинакви се условите за инвалидска и семејна пензија.

Фото: Pixabay