Пензионерите од Европа се селат во БиХ

17

Постојаните поскапувања на храната, лековите, комуналните услуги и сè останато принудија многу пензионери да го бараат својот нов дом во Босна и Херцеговина.

Вработените можат да се борат за нивно подобрување барајќи подобро платена работа, подобри услови за работа, а пензионерите – за жал – имаат врзани раце. Затоа оние кои веќе ги преживеаја своите најплодни години решија доцната фаза од својот живот да ја поминат во оваа поранешна југословенска република.

Во ова, секако, предничат пензионерите од Словенија и Хрватска, но сè повеќе ги има од Австрија, Данска и други европски земји.

Тоа го потврдува и сопственикот на старечки дом во Босанска Градишка, Кристијан Бакиќ, кој вели дека парите секако се одлучувачки фактор:

– Пресметката е едноставна. Овде, кај нас, а секако и во домот, цените се неспоредливо пониски, а условите се идентични, дури и подобри од европските земји – рече .

– Имаме многу помалку обврски, па можеме да кажеме дека е подобро и поедноставно, многукратно поевтино отколку во станот во Загреб, каде што поминавме повеќе од половина век – вели Стефанија Опачиќ, една од корисниците на услугите на домот. Со неа се согласува и Паша Шибиќ, кој педесет години живеел во Риека.

– Сè е како што треба, условите се добри, но, што е најважно, овде е поевтино отколку во Риека. Имам куќа во тој град, но пресметката ми кажува дека, засега, овде е подостапно да се живее – вели Паша.