ПЕОН брокер АД Скопје привремено исклучен од Македонска берза

25

berza-makedonska-486x272 Македонска берза од денеска привремено ја исклучи брокерската куќа ПЕОН брокер АД Скопје од членството во берзата.
Според информациите на веб страната на Македонска берза, ПЕОН брокер АД Скопје е привремено исклучена од берзата според член 23 став 3 од Правилникот за членство на берзата.
Исклучувањето, како што се наведува во членот, предвидува дека “главниот извршен директор привремено ја исклучува членката од членство на Берзата, доколку членката не ги подмири обврските кон Берзата во рок од 7 (седум) дена по истекот на рокот предвиден за плаќање на доставената фактура, се до исполнувањето на обврските”.