Pepper – хуманоиден робот ќе работи во болница

1

pepper

Роботите Pepper, што ги “разбираат“ емоциите на луѓето, ќе бидат ангажирани во две болници во Белгија, пишува BBC.

Pepper е висок 1,2 метри и препознава гласови на 20 различни јазици.

Основната верзија на роботот е 1.850 долари, додека Pepper што ќе го користат болниците ќе чини 34.000 долари.

Овие роботи претходно се тестирани во трговски центри, банки и железнички станици.