Откако минатата година ја купи компанијата SodaStream, Pepsi сега излезе со нов производ на пазарот, машина со којашто корисниците можат сами да си го креираат својот пијалак.
Уредот претставува еден вид “платформа за хидратадиција“ којашто што вклучува екран на допир каде што од понудените опции се креира пијалакот според желбите и потребите на нарачателот, пишува Pocket-lint
Машината доаѓа со мобилна апликација преку којашто корисникот го следи внесот на течности и ги “создава“ посакуваните вкусови.
Може да се одбере пијалак со или без шеќер, газиран или негазиран, а понудените вкусови вклучуваат јагоди, зелен лимон, жолт лимон, нане и друго.
Засега не се знае кога овој производ ќе биде достапен на пазарот и колку истиот ќе чини.
Фото: Facebook