PepsiCo се повлекува од централна Европа?

48

Компанијата PepsiCo, вториот по големина светски произведувач на безалкохолни пијалоци, планира да го продаде својот бизнис во земјите од централна Европа.

Како што пишува чешкиот Млада фронта днес (МФД), интерес за купување покажала чешката Карловарске минерални води (Karlovarské minerální vody), водечка компанија на пазарот за флаширана вода.

Продажбата би ги опфатила активностите на PepsiCo во Чешка, Словачка и Унгарија.

Причина за заминувањето на PepsiCo, според аналитичарите е ослабената позиција на чешкиот пазар. На овој пазар, “кола” пијалоците од овој светски произведувач се дури на трето место, зад Coca Cola и чешката Kofola.