Перутнина Птуј со огромни штети поради поплавите во БиХ

22

perutnina_ptuj_cakovec07062006

Словенечката компанија Перутнина Птуј претрпе огромни штети поради поплавите во Босна и Херцеговина, особено во Србац, каде настрадале две третини од живината.

Компанијата успеала да евакуира поголем број ниски фарми, како и целата хардверска инфраструктура и компјутерска опрема, но не можеле да го запрат продирањето на водата во кланицата во Србац и во некои други објекти.

“Најголеми се штетите на подрачјето на кое одгледуваме матични јата, затоа што немаше можност да ги спасиме. Две третини се удавија. Огромни се штетите и на фармите и домовите на нашите кооперанти. Многу од нив не успеаја да ги спасат бројлерите”, изјави претседателот на Управата на Перутнина Птуј, Роман Гласер, пишува Банка магазин.