
Деловното расположение на компаниите во германската автомобилска индустрија дополнително се влоши во ноември, според истражувањето на институтот ifo.
Анкетираните компании подобро ја оценуваат моменталната деловна состојба отколку во октомври, но изразуваат поголем песимизам во деловните прогнози во наредните месеци, открива институтот.
Ифовиот индекс на деловната клима во најважниот сектор на германската индустрија падна во ноември трет месец по ред, на минус 16,8 поени. Во октомври беше минус 16,3 поени.
Деловните прогнози се влошија од јуни, покажа ifo.











