Песков: Има уште време Западот да го прифати плаќањето за гас во рубљи

37

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска најави дека има уште време таканаречените „непријателски“ земји да се префрлат на плаќање на гас во рубљи, но тој одби да открие колку земји досега се согласиле на тоа.

Според Ројтерс, Песков рекол дека плаќањата во рубљи за испорака на гас извршени по стапувањето во сила на указот на претседателот Владимир Путин доспеваат во мај.

Кон крајот на март, рускиот претседател Путин потпиша декрет со кој се бара од странските купувачи да плаќаат за гас во руска валута или нивните испораки ќе бидат суспендирани, барање кое европските престолнини го отфрлија и Германија го оцени како „уцена“.