Песков: На Газпром му е наредено да наплатува во рубљи, но на Новатек не

124

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на домашниот енергетски гигант Газпром да прифати рубљи за извоз на природен гас, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека на Новатек, која произведува течен природен гас, не му биле дадени такви упатства.

Според Ројтерс, Песков рекол дека според наредбата на рускиот претседател, Газпром мора да смисли начин како да плаќа во рубљи во следните четири дена.

Тој додаде дека најголемиот руски производител на течен природен гас, Новатек, не му се дадени такви упатства.

Агенцијата „Тас“ пренесува дека Песков нагласил дека Новатек е приватна компанија, поради што е „тешко“ нешто директно да се нареди.

„Ова е директива за Газпром. Станува збор за меѓународна компанија во која државата е главен сопственик, па таква директива доби и Газпром. Претседателот не кажа ништо за Новатек“, изјави Песков.