Песков: Русија ќе го пренасочи јагленот на алтернативни пазари

73

Русија ќе ги пренасочи испораките на јаглен на алтернативни пазари, бидејќи Европската унија одбива да прифати испораки, изјави денеска за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Испораките на јаглен ќе бидат пренасочени на алтернативни пазари, бидејќи Европа одбива да го користи“, рече тој, а пренесе ТАСС.

„Се разбира, јагленот и понатаму е многу популарна стока“, нагласи Песков.