Песков: „Системот за плаќање гас во рубљи одлично функционира“

89

Земјите кои одбија да платат за гас според новиот аранжман на Москва заснован на рубљата веќе се прекинати, но не се планирани нови исклучувања, изјави  портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Некои земји се веќе исклучени. Не се планирани нови исклучувања. Оние земји кои добиваат гас веќе функционираат според новиот систем, опишан во релевантниот декрет на претседателот на Русија. Овој систем функционира совршено“, рече тој, пренесува ТАС С.

По воведувањето на западните санкции, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој воведе нова процедура за плаќање на рускиот гас на 1 април годинава.

Од тој датум, земјите кои сакаат да купат руски гас мора да се усогласат со новата шема за плаќање, која вклучува отворање две сметки, едната за плаќања во странска валута, а другата за претворање на тие средства во рубљи.

Русија ќе продолжи да испорачува гас во количини и по цени утврдени со претходни договори, соопшти ТАС С.

Поради одбивањето да го плати гасот во рубли, Гаспром досега ги откажа испораките за Бугарија, Полска и Финска, како и данските Орстед и Шел Енерџи за снабдување со гас за Германија и данската компанија ГасТера, наведува Ројтерс.