Пет карактеристики на успешните претприемачи

2000

Претприемништвото бара целосна трансформација во вредностите, ставот и начинот на размислување, а многумина не знаат како да го сторат тоа или не се подготвени да излезат од комфорната зона на која се навикнати. Претприемачите имаат слични карактеристики кои ги прават успешни. За среќа, тие не се вродени, туку може да се научат. Важно е внимателно да ги проучите вашите доблести и да се посветите на учење и подобрување на оние карактеристики што ве спречуваат на патот кон успехот.

Самодисциплина

Првата карактеристика што мора да ја има успешен претприемач е самодисциплина. Таа претставува најважната карактеристика на успешен живот и водење на компанија. Ако можете да се дисциплинирате и да го направите она што е потребно, без разлика дали ви се допаѓа или не, вашиот успех е сигурен. Разликата помеѓу успешните и неуспешните претприемачи лежи во фактот што успешните претприемачи имаат навика да го прават она што неуспешни не сакаат да го прават. 

Интегритет

Друга карактеристика што успешните претприемачи мора да ја имаат е интегритетот. Можеби најпочитувана карактеристика што може да ја развиете е репутација на 100 процентен интегритет – значи дека сте човек од збор. Бидете потполно искрени во сè што правите, во секоја интеракција и активност. Никогаш не го загрозувајте интегритетот.

Запомнете, вашиот збор е обврска, а вашата чест значи сè. Секој успешен бизнис се заснова на доверба. Вашиот успех во претприемништво зависи само од бројот на луѓе кои веруваат во вас, кои сакаат да работат со вас, ве фалат, купуваат ваши производи и услуги и ви излегуваат во пресрет за време на итни случаи.

Упорност

Третата особина што мора да ја поседуваат сите успешни претприемачи е упорноста – најсилната карактеристика на карактерот. Неопходна карактеристика без која нема успех во животот. А најголемата тајна на упорноста и успехот лежи во програмирање на нашата потсвест, пред да се сретнеме со неуспех и разочарување. Однапред одлучете дека никогаш нема да се предадете, без разлика што ќе се случи.

Јасно чувство за насока

Четвртиот квалитет на успешните претприемачи е јасно чувство за насока. Поради турбуленцијата и брзите промени што го придружуваат денешниот пазар, повеќето прeтприемачи се занимаваат со “гаснење на дневните пожари“, т.е. решавање на тековни ситуации. Тие се целосно преокупирани со краткорочни проблеми и потреба од постигнување краткорочна продажба. За жал, тоа не е толку успешна деловна активност. Треба да поставите јасни цели за секоја област од вашиот бизнис. Можеби најважната должност што ја имате за вашите вработени е да покажете јасно чувство за насока и да одговорите на прашањето каде ја гледате вашата деловна активност на долг рок.

Носење одлуки, преземање акција

Петтата, но не помалку важна особина на секој успешен претприемач е решеност и подготвеност да преземе акција. Успешните претприемачи треба многу брзо да размислуваат и да донесуваат одлуки. Тие се дисциплинираат да преземат акција и да преземат одговорност за своите одлуки. Тие брзо реагираат и веднаш добиваат повратна информација за нивните постапки. Ако утврдат дека не се во право, тие брзо се поправаат и се обидуваат со нешто друго. Клучот за победа повторно е обидот. Успешните луѓе се решени и пробуваат многу повеќе работи од другите. Ако пробате повеќе начини да успеете, постои добра шанса да го пронајдете вистинскиот начин порано или подоцна и да станете успешни во вистинското време.