Пет меѓународни награди за соковите на Вива

48

2d7862af-a4c2-4f00-8e68-606b3b8b4503На меѓународниот саем за земјоделство што се одржа од 18 до 24 мај во Нови Сад, Србија, македонскиот производител ВИВАКС на соковите Вива освои пет вредни награди.

Компанијата доби две големи златни медали за квалитет на 100% сок од ананас, АЦЕ нектар и три златни медали за квалитет за 100% сок од портокал, нектарот од праска и коктел-нектарот.

Сепак најзначајно признание е Пехарот на Новосадскиот саем за врвен квалитет на овошните сокови Вива.

“Со овие пет награди добивме уште една потврда за високиот квалитет на нашите производи. Токму квалитетот е нешто што не може да биде одвоено со граници. Овие признанија повторно не уверија во тоа што одамна го знаеме и тежнееме – дека квалитетот е препознатлив секаде. Вива таква можност доби во Нови Сад, ја искористи и затоа овие награди и понатаму ќе не мотивираат да работиме како и досега, со посветеност на квалитетот”, вели Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вива.

На последната меѓународна манифестација во Нови Сад, 80-та по ред, учествуваа повеќе од 1.500 изложувачи кои ги претставија последните достигнувања во земјоделието, опремата за прехранбената индустрија и производството на храна и пијалоци.