Пет начини како да бидете господар на сопственото време

36

stoperki

Фото: Pixabay

Имате чувство дека немате време за ништо, иако сте добро организирани и давате сè од себе? Можеби едноставно не ги правите работите на вистинскиот начин. За да бидете господар на сопственото време, придржувајте се кон следниве совети:

Уживајте во моментот

СМС пораките и електронската пошта можат да ви бидат од голема помош, но тоа не значи дека со нив треба да се занимавате секој слободен момент. Уживајте во секој слободен момент, до максимум. Како? Факт е дека сите сме зависни од мобилните, компјутерите, интернетот, но зошто да не се обидете од време на време да ги исклучите? Ако сакате да одвоите половина час само за себе, исклучете ги сите електронски уреди. Така ќе се фокусирате на работите што се случуваат околу вас.

Работете помалку

Можеби имате 100 работи да завршите, но дали сте сигурни дека ќе дојде крајот на светот доколку не стигнете да завршите се на време? Добро управување со времето веќе не значи да се заврши се, туку да работите помалку и да бидете среќни поради тоа. Како? Време е да престанете да гледате на квантитетот на вашите обврски, туку на квалитетот. Направете ревизија на времето. Направете список на сите активности што ги извршувате и идентификувајте ги работите кои на вашиот живот му даваат позитивен придонес. Ако сте селективни со своите обврски, тоа значи дека секој дел од вашиот живот може да биде исполнет, а вие нема да бидете преуморни да уживате во нив.

“Откачете” ги луѓето што ви ги трошат енергијата и времето

Сите ги имаме – пријатели кои секое видување го претвораат во разговор за нивниот живот и нивните проблеми. Престанете да си го “ситните” своето време. Направете резови. Едноставно, откачете ги обврските што ви ја црпат енергијата. Истото важи и за пријателите – дајте им до знаење дека не сте веќе во состојба да го слушате нивното жалење. Или речете им дека немате време за почесто да се гледате.

Планирајте мал одмор

Без разлика дали станува збор за сликање, читање книги или одење во кино или театар, на сите ни се потребни мали работи што ќе не направат среќни, здрави и нормални. Меѓутоа, со преполни распореди често знаеме да си ги скратиме ваквите задоволства. Доколу ова ви се случува скоро секој ден, земете го планерот и договорете состанок со себе! Во планерот внесете одредени денови од месецот кои сакате да ги одвоите само за себе и третирајте ги како многу важен состанок, за да не ги прескокнете или да ги замените со нешто друго.

Научете да кажете дипломатско “не”

Ако вашиот одговор е “да” скоро на се, не е чудо што времето ви бега од контрола. Наместо слаби изговори, научете да кажете дипломатско “не”. Празното “не” можеби делува грубо, но не треба да се оправдувате. Трикот е во тоа да бидете неутрални за да го ублажите ударот. На пример, доколку сте повикани да одите некаде каде што не сакате, бидете дипломат и речете “Добра идеја за некој следен пат”.