Пет начини како да се справите со лошиот шеф

61

business-2981370_960_720

Фото: Pixabay

Имате лош шеф и не знаете како да излезете на крај со него? Следниве совети ќе ви помогнат.

Докажете му дека може да ви верува

Треба да му докажете на својот шеф дека сте личност на која може да и верува, бидејќи тоа е клучот за градење на позитивно опкружување. Доколку тој е негативно настроен кон вас пробајте да сфатите каде грешите и преиспитајте го своето однесување.

Бидете позитивни

Насмевката и позитивната енергија се најдобрите одбранбени механизми што може да ги имате. Понекогаш нема друг излез, освен на неговите провокации да реагирате смирено и позитивно и да не му дозволите да започне кавга. Најчесто, провокациите ќе продолжат, бидејќи не сте изреагирале на нив. Но, она што е важно е дека ќе ги зачувате вашите нерви.

Посочете му ги грешките

Обидете се да ги истакнете грешките во неговото однесување. Зборувајте искрено, упатете конструктивна критика за сите проблеми во неговото однесување. Посочете му дека неговото однесување ви ја намалува мотивацијата, па со самото тоа и продуктивноста и дека тоа не е само ваш проблем, туку е проблем на целиот сектор што го води. Но, пред да го сторите ова, направете детален план и стратегија за тоа што ќе кажете и како тоа ќе го кажете.

Пофалете го својот шеф

Пофалбите се уште еден чекор поблизу до решението. Секој сака да слушне пофалба за неговата работа или неговите постапки од коишто произлегла позитивна промена, а ова не го исклучува вашиот шеф. Не плашете се дури и да го советувате ако мислите дека вашиот совет е добар. Конструктивната критика, корисните повратни информации може само да ја подобрат работната атмосфера. Предложете промени што би можеле да ги подобрат условите на работното место и атмосферата да ја направат попријатна.

Сочувајте го својот интегритет

Ако ништо од ова не успее, останува опцијата да се откажете за да го зачувате сопствениот интегритет. Никој не е обврзан да трпи малтретирање од страна на шефот. Ако ништо друго не може да се направи, најдобрата следна опција е промена на шефот, односно работното место во рамките на истата компанија или доколку ова не е можно промена на компанијата.