Пет намирници што помагаат во подобрување на помнењето

47

Помнењето со текот на години слабее и токму затоа потребно е подобро да се грижиме за функционирањето на тој дел од мозокот, како и грижа за здравјето во целина.

Следниве пет намирници се одлични за подобрување на меморијата.

Риба

Лосос, туна, пастрмка, харинга, сардини се само некои од видовите на риба што треба редовно да ги внесуваме во организмот. Благодарение на присуството на омега-3 киселините што се поврзуваат со подобри когнитивни способности, рибата е одличен избор за подобрување на меморијата.

Кафе

Кафето нè држи будни, но исто така му помага на мозокот подобро да помни. Содржи кофеин и антиоксиданси коишто го намалуваат ризикот од разни невролошки заболувања. Кофеинот го блокира аденозинот, којшто придонесува да се чувствуваме поспани.

Боровинки/Капини/Јагоди

Сите овошја коишто спаѓаат во групата на бобинки како јагоди, боровинки, капини, малини се намирници кои помагаат подобро да помниме. Богати се со антиоксиданси и антоцијани кои имаат и антинфламаторно дејство.

Брокула

Овој зеленчук спаѓа во групата на супер храна, односно намирница којашто влијае многу благотворно на целиот организам. Содржи големи количества на витамин К што го штити мозокот од оштетувања. Брокулите, исто така, се богати и со витамин Ц.

Кикиритки

Кикиритките како и другите видови на јаткасти плодови содржат незаситени масти, протеини и витамин Е што се одлични за меморијата и работата на мозокот. Тие содржат уште една моќна состоја – ресвератрол којшто помага во превенција на канцер, воспаленија и невролошки болести.

Фото:Pixabay