Пет навики што треба да ги поседувате за да ве гледаат како лидер

24

lider1

Фото: Pixabay

Моќните луѓе не се моќни случајно. Моќта доаѓа како резултат на нивното однесување, дејствување, нивните навики.

Ако сакате повеќе моќ или влијание во вашиот живот, еве малку инспирација од следните навики на лидерите:

Лидерот не зборува премногу

Тивките луѓе често ги доживуваме како поинтелигентни и влијателни затоа што помалку зборуваат, па помали се шансите да кажат нешто за што ќе зажалат. Второ, колку поконцизно зборувате, толку поавторитетно делувате.

Лидерот е флексибилен

Наместо цврсто да се држат до својата идеја или стратегија по секоја цена, моќните луѓе имаат тенденција да бидат флексибилни. Ова не значи дека секогаш се согласуваат на компромис ако некој има спротивно мислење, туку дека се подготвени да најдат алтернативен начин како да се справат со даден предизвик.

Лидерот не се расправа

Аргументите може да бидат функционални, иако во повеќето случаи само трошат енергија којашто може да се потроши за спроведување акција. Лесно е да се аргументира против некаква идеја, но речиси е невозможно да се аргументира против резултати. Моќните луѓе не се грижат дали ќе победат со аргумент – тие едноставно ги сакаат најдобрите можни резултати и не губат време во расправии.

Лидерот размислува неколку чекори однапред

Во шахот, како и во животот, луѓето кои планираат однапред имаат тенденција да бидат на врвот. Моќните луѓе знаат да се откажат од моменталната награда за да добијат поголема награда во иднина и подготвени се да направат привремена жртва, ако тоа е она што е потребно за да победат.

Лидерот е активен во заедницата

Моќните луѓе наоѓаат време за фамилијата, колегите, пријателите, членовите на заедницата. Никогаш не се изолираат. Во изолација е многу лесно да се појави проблем со перспективата, тешко е да се следи што се случува околу.