Пет помалку познати и сокриени работи што ги има во iPhone

2

iphone

Многумина во светот веќе не можат да си го замислат животот без iPhone. Овој мобилен уред на технолошкиот гигант Apple нуди многу апликации и игри, многу информации и забава, без оглед на местото и времето.

Business insider открива неколку сокриени опции што во голема мера ќе ја олеснат неговата употреба.

Блокирање на корисник

blok kontakt

Доколку во именикот постои личност за која корисникот сака да биде недостапен, iPhone нуди опција за блокирање на повиците и смс пораките од тој број.

Siri чита електронска пошта

siri

Личниот асистент на iPhone – Siri може да ја прочита електронската пошта.

Летови

avioni mark

iPhone може да го открие името на летот и висината на која се наоѓа одреден авион што се наоѓа над корисникот.

Пишување

undo iphone

Доколку корисникот на iPhone погреши при пишување или пак сака да почне од почеток, може да ја искористи командата undo со едно тресење на телефонот.

Либела

libela iphone

Во градежните работи за мерење на рамните површини се користи либелата, но корисниците на iPhone немаат потреба да купуваат такво нешто бидејќи нивниот мобилен уред може да измери дали одредена површина е рамна или не.