Пет “понеделнички” работи за да ви тргне неделата

27

ponedelnik

Фото: Pixabay

Понеделник, почеток на работната недела. Нов почеток што може да донесе многу можности за кои не сте биле ни свесни.

Еве како да ги направите убави денот и остатокот од работната недела.

Започнете пред другите

Дојдете на работа малку порано од вообичаено. Одвојте време за да процените што е најважно да се заврши во претстојната недела. Исто така направете анализа на плановите за следните неколку дена. Раниот почеток ќе ви даде диполнителна енергија и можност за подобар перформанс на работното место.

Поставете си нова цел

Секој понеделник поставувајте си нови задачи што треба да ги исполните до крајот на неделата. Запишете ги некаде за да се потсетувате секогаш кога имате време. На тој начин ќе имате увид како сте се справиле со целите минатата недела и како се справувате со задачите оваа недела. Тоа ќе ви помогне самите да донесете заклучоци за тоа како се покажувате на работното место.

Определете ги средбите за неделата

Првиот ден од неделата е совршено време кога треба да ги ставите најважните средби во вашиот распоред. Размислете со кого е битно да се сретнете во неделата што следи. Искористете го понеделникот за да ги исконтактирате тие луѓе. На тој начин уште од почетокот на неделата ќе знаете кога и со кого ќе треба да водите бизнис разговори.

Покажете благодарност

Секој понеделник одберете еден од колегите на кого ќе се заблагодарите за добро завршената работа. Тоа е добар гест што ќе ги мотивира и другите да направат нешто слично за неделата добро да им тргне. Ако успеете да им се заблагодарите на сите, прашање на време е кога работната атмосфера ќе стане попријатна, што ќе придонесе работата на тимот и секако вашиот перформанс значително да се подобрат, а со тоа и успешноста на компанијата.

Направете проценка на новите предизвици

Секој момент може да донесе нови можности, но за жал истото важи и за проблемите. Сепак, ако уште од почетокот на неделата успеете да процените кој проблем може да биде брзо решен и на што треба да внимавате, ќе придонесете за зголемување на продуктивноста.

Откако ќе ги примените овие едноставни правила на почетокот на неделата, понеделниците нема да ви се чинат како мачење, туку како нова можност и шанса за подобар почеток.