Пет предности на канцелариското работење

124

Пет причини што покажуваат дека работењето од канцеларија има свои предности.

Креативни идеи

Случајните средби помеѓу колегите можат да иницираат разговор на различни теми, а од тоа да произлезат и креативни идеи. Спонтаните интеракции се поттикнувачи на иновации и соработки какви што е тешко да се случат доколку недостасуваат ваков тип на контакти.

Комуникација во четири очи

Разговорот во живо е многу поефективен отколку кога истиот се случува преку разните средства за комуникација. Бреинсторминг на идеи за време на состанок или брза консултација со колегата до вас е многу поефикасен начин на работење отколку кога сами работите од дома.

Ефективни состаноци

Ако тимот работи одвоено, одржувањето на онлајн состаноци честопати може да има низа технички проблеми, како на пример слаба конекција, неможност за прикажување на видео и слично. Кога се работи од канцеларија, сите влегуваат во салата и состанокот почнува.

Фокусирана средина

Самата “канцелариска околина“ поттикнува на работа. За разлика од неа, во домот или друга, поинаква средина може да има многу повеќе работи што го оттргнуваат вниманието од обврските.

Патување

Добро е да се излезе од дома и да се оди на работа. Доколку патувате со автомобил можете попатно да ја слушате омилената радио емисија и да научите нешто ново. Ако сте близу, одењето пеш е одлична утринска активност за размрдување на мускулите.

Фото:Pexels