Пет работи што ги прават лошите менаџери

26

menadzer

Фото: Pixabay

Титулата менаџер не значи дека сте лидер. За да бидете лидер потребно е пред сè сигурност во своите способности и ценење на останатите луѓе. Сепак, има и менаџери кои едноставно сакаат да им ја усложнуваат работата на членовите од тимот.

Еве како ќе ги препознаете:

Гледаат како другите ја работат нивната работа

Има такви менаџери кои за жал не знаат што е нивната работа. На многу луѓе им се доделува оваа позиција без претходен тренинг и обука. Така, тие едноставно не знаат што да прават и ги гледаат останатите членови од тимот како ја работат нивната работа што предизвикуваат непријатност и нервоза. Овој тип на менаџери немаат попаметна работа, па си мислат дека најдобро ќе биде доколку ги надгледуваат и критикуваат останатите додека работат.

Се умилкуваат кај претпоставените

Еден од најлесните начини да препознаете некој кој не знае што е лидерство е да го гледате како се однесува со неговиот шеф. Добрите менаџери ја кажуваат вистината на своите претпоставени зошто претпоставуваат дека се вработени поради нивните способности и вештини. Лошите менаџери не ја кажуваат вистината. Тие им кажуваат на своите претпоставени она што тие сакаат да го чујат.

Прават сè за да дадат до знаење дека тие се главни

Сакаат да им шефуваат на другите. Своето време го поминуваат во смислување на нови улоги и забрани за да им дадат до знаење на другите дека тие се главни. Но, не знаат дека што повеќе правила и забрани му наметнуваат на тимот толку повеќе ја забавуваат нивната работа. Колку повеќе верувате во вашиот тим, толку подобри резултати ќе добиете од секој член.

Ги тераат останатите да ги слушаат

Наоѓаат разни начини да се наметнат врз вработените, да ги криткуваат за секоја ситница… Се обидуваат да ги натерат да го прифатат нивниот начин на размислување и покрај тоа што не се во право, за разлика од добрите менаџери кои им даваат простор на вработените да си ја работат својата работа како што умеат и се концентрираат на сопствените задачи.

Микро менаџираат

Нивна алатка е микро менаџирањето, односно на секој можен начин се обидуваат да ги контролираат вработените што прават и како тоа го прават. Се обидуваат да ги натераат да работат онака како што тие сакаат и да разговараат со одредени луѓе како што тие ќе им кажат. Микро менаџерот нема доверба во себе да ги остави останатите да си работат како што знаат и умеат и таа несигурност ја проектираат околу нив.