Пет работи што многу го нервираат вашиот шеф

28

lut

Фото: Pixabay

Ако сакате да ја добиете довербата од претпоставените, да бидете ценети како вработен и како да ја задржите вашата работа, не ги правете следниве работи:

Не преземате одговорност за вашите грешки

Грешки се случуваат и никој не е совршен. Но, она што е важно за вашиот шеф е како се однесувате кога ќе направите грешка. Ако наоѓате изговори, станувате дефанзивни или не прифаќате одговорност тоа нема да му се допадне на вашиот претпоставен.

Импровизирате наместо да најдете вистинско решение

Информациите што му ги давате на вашиот шеф можат да бидат неточни ако само погодувате што би можело да биде. Тој/таа не ви поставува бесцелни прашања, туку преку вашиот одговор се труди да донесе некаква одлука. Токму затоа многу е важно да го најдете и презентирате точниот одговор. Доколку не сте сигурни кажете дека ќе се потрудите да го најдете решението во најскоро време.

Постојано зборувате за вашите фрустрации, а не ги кажувате на шефот

На секој му се случува да се пожали во врска со работата, колегите, шефот… Но, ако сте и вие од оние што постојано тоа го повторуваат на други луѓе, треба да зборувате со претпоставените или да престанете со жалбите. Кога тогаш тие ќе стигнат до вашиот шеф од други луѓе, а вие ќе добиете критики зошто веднаш не сте се обратиле на вистинското место.

Не ги завршувате работите навреме и онака како што треба

Ако вашиот шеф постојано мора да ве надгледува и проверува дали сте одговориле на задачите, ако не го правите тоа што сте ветиле без разлика на причината, тој/таа нема да има доверба во вас, од причина што не си стоите на зборот.

Криете работи

Прикривање на незавршена работа, налутен клиент, пропуштен краен рок, фактот дека не умеете да го користите новиот софтвер се работи што едноставно не смеат да се случат. Ако криењето продолжи да се случува не само што ќе предизвикате нервоза, недоверба и сомнеж кај шефот, туку многу лесно можете да останете и без работа.