Пет работи што не смеете да ги правите на службен компјутер

29

Фото: Pexels

Повеќето од нас користат компјутери на работа 8 часови и повеќе во текот на денот. Понекогаш ги користиме и повеќе од личните компјутери. Поради ова, овие работи би требало да ги избегнувате на службените компјутери.

Зачувување на лозинката

Немојте да ги зачувувате вашите лозинки на е-маил или социјални медиуми на вашиот службен компјутер. Затоа што, компанијата го задржува правото на следење и регулирање на податоците кои се во вашиот компјутер. Не знаете, до кого може да стасаат овие податоци, затоа бидете внимателни.

Чување на лични податоци

Чувањето на лични податоци во вашиот службен компјутер не е паметно. Доколку нешто и се случи на компанијата или престанете да работите за истата, стандардна политика е веднаш да ја напуштите вашата канцеларија. Веројатно нема да имате време да ги избришете ваквите податоци.

Поврзување на Wi-Fi кога работите на “осетлив” материјал

Местата кои нудат бесплатно Wi-Fi како што се кафулињата, аеродромите или хотелите, можат да бидат небезбедни. Затоа, не проверувајте е-маил адреса и не пазарете со кредитни картички на ваква јавна Wi-Fi мрежа, затоа што може да бидете мета на хакерски напад.

Работите нешто друго додека сте во канцеларија

Многу од нас имаат втора работа која ја работат како хоби или за допoлнителни пари, но би требало да постојат граници. Се што работите на вашиот службен компјутер, вашиот шеф може легално да провери. Бидете внимателни при користење на службениот компјутер за приватна работа.

Разменувате лични пораки

Не заборавајте да бидете навистина внимателни на платформите за четување. Посебно доколку често излегувате од канцеларијата и го оставате вашиот компјутер отворен.