Пет работи што не треба да ги правите на работа

47

woman-690036_960_720

Фото: Pixabay

Канцеларијата е место за работа и простор каде секој вработен треба да се чувствува удобно и пријатно додека ги извршува своите задачи.  Токму затоа, треба да заборавиме на некои лоши навики.

Еве што не треба да се прави на работното место.

Да се жалите премногу

Во ред е да се пожалите во ретки моменти, но ако жалењето ви преоѓа во навика нема да освоите ничии симпатии на работа. Никој не сака да слуша колега/колешка што постојано има замерка за сè. Секој поминува низ тешки моменти, но канцеларијата не е место каде што треба да барате рамо за плачење.

Да ширите невистини

Озборувањата се уште полоши од жалбите. Дури и да е вистина тоа што го зборувате, обидете се да го задржите тоа за себе, не раскажувајте наоколу што сте слушнале. Бидете професионални во секој поглед, нека не ве интересираат туѓите проблеми и слични ситуации.

Да се облекувате несоодветно

Иако во многу компании не постои строг дрес код, сепак има некои правила како не би требало да се облекувате за на работа. Не носете облека што премногу открива, трудете се алиштата секогаш да ви бидат уредни и чисти. Одбегнувајте облека со навредливи натписи. Едноставно, облечете се соодветно за профилот на компанијата, а останатата облека носете ја надвор од канцеларите.

Да ја крадете храната на колегите

Можеби звучи смешно, но сепак доколку никој не ве понудил не земајте од храната на колегите. Премногу е некултурно да го отворите фрижидерот и да посегнете по нешто што не е ваше. Однесувајте се достоинствено.

Да поминувате многу време на социјални медиуми и приватни разговори

Кога работите во канцеларија со многу луѓе, сигурно некој ќе забележи ако премногу време поминувате на социјалните мрежи, или ако често и долго разговарате на мобилен за приватни работи. Ќе се најдете во незгодна позиција ако се следат податоците и страниците што ги пребарувате на вашиот компјутер. Додека сте на работа, потрудете се да ги завршите работните обврски, приватните разговори и пребарувањето на интернет оставете го за дома или сведете го на минимум.