Една од најголемите предности на работењето во coworking е можноста за поврзување со другите членови во заедничкиот простор. На ова место ќе сретнете претприемачи, иноватори, креативци, а запознавањето со нив создава можности за размена на знаења, партнерства, соработка… Овие неколку совети ќе ви помогнат да ја проширите вашата бизнис мрежа во coworking простор.
Присуствувајте на настани во вашиот coworking простор
Во coworking просторите се организираат настани и happy hours каде можете да се поврзете со други претприемачи. Обележете го датумот на настанот во вашиот календар, понесете бизнис картички и потрудете се да присуствувате на повеќе вакви случувања.
Ручајте во заедничкиот простор
Ако во вашиот coworking простор има заедничко место за јадење, тогаш ручајте таму. Разговорот со некој кој седи на масата може да се претвори во плодна соработка.
Разговарајте со менаџерот на просторот
Ако не сте успеале да се вмрежите со потенцијалните соработници, доколку во coworking просторот има менаџер, побарајте од него да ви даде соодветни препораки.
Вмрежете се онлајн
Ако во вашиот coworking простор забележите компанија за која сте заинтересирани поврзете се онлајн, испраќајќи електронска пошта и претставете се.
Понудете промотивни материјали
Оставете промотивни материјали во coworking просторот. Бележник или пенкало со вашето лого може да послужи како потсетник за можна соработка. Coworking просторот е многу повеќе од место од каде ќе ја извршувате својата работа. Овој простор е тврдина за соработка, развој на бизнисот и професионален развој.