Пет “токсични“ типови на луѓе и како да се справите со нив

47

blank-2970215_960_720

Фото: Pixabay

Сите имале прилика да работат со “тешки луѓе”. За да можете полесно да се справите со “загорчувачите“ на работа применете ги следниве совети.

Озборувач

Оваа личност “знае“ се, од тоа кој со кој е во врска, до тоа кој ќе биде отпуштен. Доколку се интересира за вашиот живот и постојано ве распрашува, бидете внимателни. Збунете ја. Не и држете лекции дека е лошо тоа што го прави, зашто само ќе ја поттикнете да зборува за вас. Ако почнува да ви зборува за колегите, свртете го муабетот кон славните личности.

Крадец на идеи

Ваквиот колега е спремен да ги земе документите од вашето биро и да го стави неговото име на нив. Ваквите луѓе украдените идеи, најчесто ги кажуваат на состаноци. Затоа чувајте се во писмена форма. Кога треба да претставите некоја своја голема идеја, претходно испратете ја преку имејл на неколку луѓе, за да имате доказ и податоци за време и датум и да се заштитите.

Потценувач

Никогаш директно нема да ви каже дека не сте во право, туку ќе проба индиректно да ве навреди. Затоа, правете се дека лажните комплименти кон вас се вистински, заблагодарете се за се што ќе каже и пробајте да звучите искрено.

Песимист

Времето поминато со ваки луѓе не само што е мега депресивно, туку и штетно за вашата кариера. Држете се подалеку од нив. Еден ден ваквиот колега ќе се пожали на погрешни луѓе, за погрешни работи и ќе добие отказ. Не дозволувајте да ве повлече со него.

Совршениот

Кога ваквиот колега или колешка поднесува извештај, насловите се означени во боја, се е фино спакувано по ред. На состаноците е полн со големи идеи за нови проекти и на сите им оди на нерви. Сфатете дека најверојатно ваквиот колега нема намера да ви натрупа повеќе работа, туку само е полн со ентузијазам и сака да се покаже како корисен тимски играч. Дадете му дознаење дека го цените ова, за да се чувствува вреднуван.