Пет знаци дека е време да дадете отказ и да станете претприемач

18

zena

Фото: Pexels

Да се биде претприемач не е лесно. Ризично е и стресно. Тогаш зошто луѓето стануваат претприемачи? Затоа што ни е потребен поголем предизвик, тестирање на сопствените идеи и преземање на контрола.

Доколку се колебате дали да работите за некој друг или да влезете во светот на претприемништвото, ова се знаците дека е време да почнете сопствен бизнис, според Business Insider:

Сакате да им помагате на другите

Она што ги издвојува претприемачите е задоволството што го преземаат во градење на успешен тим и давање можност на другите. Создавањето на работни места е едно од најголемите одговорности на претприемништвото. Претприемачите кои отвораат компании се движечка сила во обновувањето на економијата и човековата благосостојба.

Имате поддршка

Нешто што многу луѓе не го разбираат за претприемништвото е тоа дека не може да се успее сам. Потребен ви е некој кој ќе застане позади вас додека ризикувате во остварувањето на вашите цели. Тоа може да биде вашиот партнер, родител, ментор, инвеститор или некој друг. Пораката е: Мора да имате некој до вас кој ќе ви биде рамо за плачење додека се обидувте да ја постигнете целта.

Имате одлични идеи

Не е доволна само волја за да станете успешен претприемач. Потребна ви е нова идеја за да бидете подобри.  Стив Џобс би можел да потроши години во правење на видео игри, но поседувал визија за изработка на персонален компјутер достапен за сите.

Имате план

Големите идеи се одлични, но мора да имате и план за да ги реализирате. Без цврст и реален план визијата не може да стане реалност.

Имате резервен план

Многу од старт – ап бизнисите не успеваат. Без разлика колку е голема вашата идеја и направите план, секогаш постои ризикот да станете дел од статистиката за неуспешни. Затоа ви е потребен резервен план. Ако имате резервен план, никогаш не се плашете од неуспех.