Петмина странци ги напуштија позициите на потпретседател во руската компанија Роснефт

33

Петмина странски потпретседатели на руската компанија „Роснефт“ поднесоа оставка поради санкциите на ЕУ кои им забрануваат на европските граѓани или Русите кои живеат во Унијата да работат во таа компанија, велат доброупатени извори за Ројтерс.

Петмина странски државјани, Дидие Касемиро, Ерик Лирон, Жељко Руње, Аврил Конрој и Отабек Каримов го напуштија „Роснефт“ поради последниот пакет санкции на ЕУ, кои стапија на сила на 15 мај, велат изворите.