Петта година по ред Сингапур е најскап град за живеење

15

pexels-photo-867092

Фото: Pexels

Петта година по ред, Сингапур останува најскапиот град во Светот, а по него следат Париз, којшто пред една година беше на седмо место. На трето место е Цирих, па Хонгконг, покажува истражувањето за трошоците на живот на Economist Intelligence Unit.

Истражувањето се темели на споредба на цените на 155 основни потреби за живот, меѓу кои се цените на лебот, виното, цигарите и горивото, а споредбите се направени низ 133 светски градови.

Меѓу најскапите 10 градови низ светот, пет се европски и тоа Париз, Цирих, Осло, Женева и Копенхаген. Единствениот град надвор од Азија или Европа којшто се појави во првите 10 е Сиднеј.

Во меѓувреме, слабеењето на американскиот долар во 2017 година предизвикало Њујорк и Лос Анџелес да се “лизнат“ на 13 и 14 место.

Истражувањето покажало дека најевтино се живее во Индија и Пакистан.