Пeтте најскапи модни брендови во светот

339

Секој од нас сака да има свој стил, да биде препознатлив по нешто. Стилот најчесто го истакнуваме преку облеката и модните додатоци, секој во зависнот од длабочината на џебот.

А кои модни брендови се моментално најпопуларни, прочитајте подолу.

Валентино

imageGen

Валентино е постојано ин, од првото појавување на брендот во 50-те година на минатиот век. Иако неговиот основач, Валентино Гаравани од 2007 е во пензија, неговите налседници одлично се грижат за парчињата облека секогаш да бидат во тренд.

Гучи

high-quality-gucci-sunglasses-80850

Приходите на Гучи во 2008 година изнесувале 4,2 милијарди долари, што воопшто не е за потценување. Модниот бренд дизајнира облека за двата пола, а особено се ценети неговите куфери за патување и кожниот асортиман на производи.

Луи Витон

Louis Vuitton Bags set modern designer contemporray luxury trunk handbag briefcase suitcase box hat bonnet0001.jpge02817be-f82f-4ffe-b75f-23647bc7a693Large

Ниту една листа на лукзусни брендови не би била целосна ако не се спомене името Луи Витон. Овој моден бренд, кој е основан во 1894 произведува разни модни артикли, од очила за сонце, часовници, чанти и чевли, до елегантни модни додатоци и облека.

Фенди

Fendi Pequin Christmas theme products

Овој италијански луксузен бренд чија вредност изнесува 970 милиони долари е најпознат по своите чанти. Освен тоа Фенди произведува и парфеми, облека и други модни дадатоци. Познати се и по тоа што учествуваат во многу еколошки кампањи, а моментално изготвуваат чанти од рециклирани материјали.

Прада

Prada-new-collection-fall-winter-fashion-clothing-trends-image-1

Прада започна како мала компанија за кожна галантерија во 1913. Денес овој моден бренд поседува мрежа луксузни бутици ширум светот. Логото на Прада е препознатливо на се што е поврзано со високата мода, од парфеми до вина.