Петте најважни предвидувања на „Arcane Research“ за криптовалутите во 2022 година

224

Криптовалутите ја одбележаа минатата година кога влегоа во мејнстримот на инвестициите. Но, аналитичарите предвидуваат дека оваа година би можела да биде уште поинтересна на пазарот на криптовалути.

Речиси секоја криптовалута, од биткоин до доџкоин, достигна рекордни височини и запиша неверојатни добивки.

Но, во мај, околу 50% од вкупната пазарна вредност беше збришана за само седум дена. И во септември, кинеската влада започна вистинска војна против криптовалутите што доведе до забрана за сите трансакции.

Други важни крипто-моменти од 2021 година се случија кога Ел Салвадор го направи биткоинот законско средство за плаќање, експлодираа бројни меме-токени, а еден NFT е продаден за неверојатни 69 милиони долари.

Што ќе ни донесе оваа година на пазарите на криптовалути? „Arcane Research“, компанија за истражување на блокчејн, направи десетици крипто предвидувања за 2022 година.

Еве ги петте најважни:

Тесна корелација помеѓу биткоинот и индексот S&P 500

И покрај заканите за глобалното економско закрепнување поради зголемениот број случаи на коронавирус, и биткоинот и S&P 500 постигнаа импресивен раст во 2021 година: Биткоинот скокна за 66%, а S&P 500 порасна за околу 27%.

Но, бидејќи биткоинот се повеќе се однесува како ризично средство, „Arcane Research“ предвидува дека дополнително ќе ги поттикне значајните движења на берзата.

„Затоа, ако берзата продолжи да расте во 2022 година, биткоинот веројатно ќе го надмине“, предвидуваат тие.

„Но, ако видиме „црвена“ година за берзата, биткоинот најверојатно ќе пропадне“.

Етер повторно ќе го надмине биткоинот

Иако долго време се сметаше за „втора виолина“, етерот далеку го надмина биткоинот во 2021 година, поскапувајќи 418% во споредба со „само“ 66% од растот на биткоинот, пишува Markets Insider.

„Овој јаз во перформансите е најголем забележан од 2015 година кога беше лансиран ethereum“, велат од „Arcane“.

Меѓу причините зошто етерот ќе продолжи да се подобрува во 2022 година е зголемувањето на продажбата на NFT. Повеќето од овие токени сè уште работат на блокчејнот на Ethereum.

Повеќето меме-монети ќе исчезнат

Инвеститорите забележаа дека меме-монетите имаат огромни осцилации во 2021 година. На пример, шиба ину порасна за неверојатни 44.540.000% минатата година. А сквид, криптовалута именувана по популарната серија на „Нетфликс“ „Squid game“, скокна за повеќе од 75.000% за помалку од една недела за набрзо да исчезне.

„Не можеме да го анализираме пазарот во 2021 година без да го споменеме минатогодишниот апсурден пораст на меме-монетите“, велат од „Arcane Research“, додавајќи дека феноменот ќе остане запаметен како „историска реликвија на апсурдните времиња од 2021 година“.

УСД коин ќе го престигне Тетер и ќе стане најголемата „стабилна монета“

Тетер веќе некое време е на врвот како најголема стабилна монета (stablecoin) по пазарна вредност. Но, можеби тоа ќе се промени оваа година, особено со одлуката на УСД коин да се приклучи на бранот на задолжување.

„Иновативните производи за позајмување кои плаќаат високи приноси за депозитите на stablecoin, првенствено беа двигатели на растот на стабилните монети“, велат од Arcane Research.

Биткоинот ќе остане тесно поврзан со VIX

Берзите имаа голем успех минатата година, но еден образец се искристализираше, според Arcane Research:

„Стравот на широките финансиски пазари директно влијаеше на перформансите на биткоинот“.

Порастот на индексот на нестабилност CBOE, или VIX (попознат како индекс на страв), следеше по распродажбата на биткоинот. Arcane Research предупреди дека пазарните ветрови оваа година би можеле да имаат импликации за краткорочната траекторија на цените на биткоинот.