Peugeot – Citroen ќе се пренасочува на кинескиот пазар

36

Следните неколку години, автомобилскиот гигант Peugeot – Citroen ќе ја пренасочи продажбата на растечкиот кинески пазар. Колатералната штета на оваа стратегија се илјадниците француски работници на кои им се најавени откази, пишува seebiz.

Константниот пад на продажбата на возила на европскиот пазар, најголемиот француски произведувач на автомобили го пренасочува кон пазари во развој, како што е кинескиот.

На почетокот на оваа година, во Европа беше прогнозиран пад на продажбата на автомобили за 8%, но ситуацијата е уште полоша. Поради тоа Citroen најави откази за 8.000 работници во Франција, отворајќи простор за отворање нови продажни центри во Кина. Очекувањата на овој автомобилски гигант се дека на кинескиот пазар, наместо минатогодишните 11%, оваа година ќе заземат 15% од нивната вкупна продажба. Планираат до 2015 година да продаваат 950.000 автомобили годишно.