Pfizer: До крајот на 2021-ва ќе има повеќе вакцини од потребното

33

Извршниот директор на фармацевтската компанија Pfizer, Алберт Бурла е уверен дека до крајот на 2021 година светот ќе произведе повеќе дози од вакцината одошто е потребно во борбата против пандемијата.

Неговата изјава доаѓа откако Велика Британија во средата ја одобри нивната вакцина, што ја развија заедно со германската биотехнолошка компанија, BioNTech. Компаниите тврдат дека нивната вакцина има ефикасност од 95%.

“Се чувствувам одлично бидејќи до крајот на 2021 година ќе има повеќе дози од она што ни е потребно. Правиме сè што е потребно за да ги зголемиме производните капацитети, мора да ги зголемиме во следните неколку месеци“, рекол Бурла.

Британската агенција за контрола на лекови и здравствени производи издаде одобрение за итна употреба н вакцина само 23 денови откако Pfizer ги објави резултатите од завршната фаза на клиничкото испитување. Велика Британија почнува со вакцинирање од следната недела.

Американски и регулатори од ЕУ ја проверуваат истата вакцина, но сè уште не ја одобриле.

Фото: Facebook