Американската компанија Pfizer објави дека започнала нова повеќегодишна програма за намалување на трошоците додека се обидува да закрепне од остриот пад на бизнисот поврзан со пандемијата „Ковид-19“.
Фармацевтскиот гигант го објави ова минатата година, откако побарувачката за нејзината вакцина против Ковид и орален лек Пакловид падна.
Pfizer изјави дека првата фаза од новата програма е фокусирана на оперативната ефикасност, кога се очекуваат заштеди од околу 1,5 милијарди долари до крајот на 2027 година, пренесува Танјуг.
Еднократните трошоци поврзани со почетната фаза на кратењата се проценуваат на околу 1,7 милијарди долари, вклучително и отпремнини за неодреден број отпуштени вработени.
Pfizer, исто така, очекува програмата да вклучи промени во структурата на мрежата и подобрувања на портфолиото на производи.
„Со оглед на сложеноста на производството и подолгото време потребно за да се направат промени, оваа програма ќе има неколку фази“, најавуваат од компанијата.