Фармацевтските компании, Pfizer и BioNTech, коишто заеднички развиваат вакцина против коронавирусот и поради тоа се во центарот на интерес кај јавноста, би можеле од тој потфат да инкасираат околу 14 милијарди долари.
Експерти веќе почнаа да калкулираат колку би заработиле фармацевтските компании, па ако Pfizer направи милијарда дози од вакцината и ако бидат одобрени ќе бидат достапни за луѓето во првата половина од следната година.
Проценките се дека фармацевтскиот гигант од американските власти ќе наплати околу 39 долари за две дози од вакцината, додека правењето на вакцината ќе чини околу 15 долари.
Фото: Facebook