Американската фармацевтска компанија Pfizer објави дека постигнала договор за купување на Arena Pharmaceuticals за 6,7 милијарди долари со цел да ја прошири својата позиција во областа на ракот и воспалителните болести.
Arena Pharmaceuticals, која произведува лекови во гастроентерологија, дерматологија и кардиологија, ја прифати понудата на Pfizer од 100 долари по акција, се вели во соопштението на Pfizer.
Оваа понуда е двојно поголема од цената на акцијата на Arena Pharmaceuticals на затворањето во петокот кога изнесуваше 49,94 долари.











