Pfizer најавува поскапување на вакцините

78

Италијанскиот весник Fanpage пишува дека Европската Унија постигнала договор со американскиот производител на вакцини Pfizer за зголемување на испораката на лекот за европскиот пазар и дека контингентот од 10 милиони дози, првично планиран за втората половина на годината, ќе биде испорачан во следното тримесечје.

Весникот исто така пишува дека производителот може да ја зголеми цената на вакцината, која веќе е меѓу најскапите на пазарот на вакцини, а за една доза се плаќаат 15,5 евра.

Директорите на американскиот фармацевтскиот гигант објавија дека цената на вакцината ќе се зголеми во следната фаза, кога вирусот повеќе нема да се шири пандемиски, туку ендемски, односно ограничено на одредени области.

Весникот потсетува на неодамнешните изјави на еден од директорите на компанијата, Франк Д’Амели, кој рече дека вакцинацијата можеби ќе треба да се обновува секоја година, и дека во тој случај, откако ќе помине вонредната ситуација, компанијата може да ја прилагоди цената на вакцината според побарувачката на пазарот.

Фото: Facebook