Pfizer очекува 33,5 милијарди долари од продажба на вакцини

49

Американската фармацевтска компанија Pfizer ги зголеми прогнозите за продажба на вакцина против коронавирусот, којашто ја разви со германски BioNTech, за 28,8% на 33,5 милијарди долари.

Компанијата соопшти дека зголемената прогноза за продажба се заснова на договорите за 2,1 милијарда дози оваа година.

Претходната прогноза објавена во април оваа година од 26 милијарди долари се засновала на договори потпишани за 1,6 милијарди долари. Но, Pfizer соопшти дека очекува оваа година да произведе дури три милијарди дози.

Трошоците и заработката од вакцини се делат на половина меѓу Pfizer и BioNTech.

Фото: Facebook