PHI-Prostate Health Index – прв револуционерен тест за детекција на канцер на простата единствено во Биотек Лабораторија

78

unnamed

Биотек Лабораторија во новата година воведе нови анализи кои не се работат во другите лаборатории, меѓу кои и револуционерната анализа: PHI-Prostate Health Index, односно нов тест со софтверски протокол за детекција на канцер на простатата кој овозможува избегнување на биопсија.

Одредувањето на простата специфичен антиген (PSA) е една од најчестите скрининг методи за канцер на простата. Kанцерот на простата предизвикува промени во структурата на жлездата што доведува до “истекување” на PSA во циркулацијата. Но зголемена концентрација на PSA може да се јави од не-канцерозни состојби, како што е бенигната простатична хиперплазија. Исто така се детектираат и голем број на споро растечки тумори кои може да перзистираат долги години без субјективни здравствени тегоби.

Заради тоа многу мажи со покачени вредности на PSA се одлучуваат на други дијагностички процедури како што е биопсија на жлездата.

Секоја биопсија на простата вклучува ризик резултатот да биде негативен. Се смета дека само 25% од биопсираните пациенти имаат канцер. Тоа е добро, но биопсијата носи несакани последици и ризици како инфекција, крварење, треска, уринарни проблеми, болка.

Погрешната дијагноза и оперативен третман често се причина за оштетувања како: еректилна дисфункција, уринарни и цревни проблеми и сериозни хируршки компликации.

Скринингот со PSA направи драстична редукција на дијагнозата на канцер и метастатски промени, но стана лимитирачки специфичен и контроверзен заради доста лажно позитивни резултати и непотребни биопсии, како и детекција на некои “троми” тумори кои не се опасни по животот на пациентот.

Од таа причина, Светската здравствена организација го одобри револуционерниот алгоритам на Beckam Coulter PHI – Prostate Health Index како директива за ДА ИЛИ НЕ БИОПСИЈА.

Што е всушност PHI? Prostate Health Index e нова формула базирана на алгоритам изведен од резултатите на трите најнови тестови за дијагностика на канцер на простата: Hybritech PSA, Hybritech free PSA и Hybritech p2PSA.

Софтверскиот алгоритам автоматски ги калкулира добиените резултати со сложена формула ((-2) pro PSA/free PSA) x vPSA).

Светската здравствена организација го признава PHI како насока кај пациенти со висок PSA над 4ng/ml за избегнување на непотребни инвазивни методи.

Овој тест има ФДА одобрување и е ставен во протоколот на Европскиот водич за уролошки испитувања.

Aко се потпреме само на овој индекс и  не се направи биопсија, дали постои ризик нешто да се пропушти?

Напротив, Светската здравствена организација го одобри PHI на Beckamn Coulter како точен индикатор и за вредности на PSA од 4-10 ng/ml. И над 10 ng/ml базирано на бројни истражувања од последните четири години во Америка и Европа.

Клиничките истражувања покажуваат дека многу канцери на простата и значаен број на високо-градуирани (малигни) канцери се најдени и кај пациенти кои имаат и ниски вредности на PSA од 2-4 ng/ml. Во студија од 2.950 мажи (возраст од 62 до 91 година), со вредност на PSA ≤ 4 ng/ml, кај 449 мажи е дијагностициран канцер на простата (15,2%).

Bеckman Coultar PHI e дизајниран да му помогне на лекарот да го идентифицира секој пациент со примена на сеопфатен пристап за проценка на ризик. Клиничките критериуми за интерпретација се направени за мажи со резултати во овој ранг. PHI овозможува спојување на сензитивност (способност за детекција на канцерот) и специфичност (можноста за избегнување на лажно позитивни резултати), донесувајќи информирана, урамнотежена одлука да се предложи биопсија. Eдинствено во БИОТЕК Лабораторија се изработува овој индекс со комбинација на тестовите Hybritech p2PSA, Hybrtech PSA и Hybritech free PSA.

БИOTEK лабораторијата е прва приватна специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремена технологија и реагенси од областа на молекуларната, микробиолошката и биохемиско – имунолошката дијагностика. Се наоѓа на ул. Аминта Трети 44, 1000 Скопје, Р. Македонија.

За повеќе информации посетете ја Веб страницата www.bioteklab.com.mk  или јавете се и закажете веднаш на +389 (0)2 311 2464; 078/492-294.