Philips ќе го зголеми производството на респиратори за четири пати

114

Philips објави дека има намера двојно да го зголеми производството на болнички респиратори во следните осум недели и да го зголеми за четири пати до третиот квартал.

“Во моментов произведуваме околу 1.000 респиратори неделно, а планираме да ја зголемиме оваа бројка на 2.000 во наредните недели. Ние ќе продолжиме да го зголемуваме производството затоа што побарувачката е огромна“, рече извршниот директор Франс ван Хаутен.

Во Philips се надеваат дека ќе го зголемат и производството на монитори што ги следат виталните функции, дијагностички системи и софтверски решенија за болници дизајнирани да ги следат и да се грижат за пациентите во единиците за интензивна нега.

Од компанијата најавуваат дека ќе се ангажира дополнителен производствен персонал, но и ќе ги пренасочи сегашните работници на производствените линии. И покрај зголемената побарувачка за опрема за здравствена заштита, компанијата очекува епидемијата на коронавирус да им наштети на финансиските резултати во првата половина на 2020 година.

Фото:Pixabay