Фото: Kickstarter
Phoneslinger е компактна футрола за мобилен телефон којашто истовремено е и полнач, благодарение на интегрираната надворешна батерија (powerbank) со капацитет од 8.000 mAh.
Освен што телефонот е заштитен, тој истовремено се полни, па корисникот нема потреба да се грижи за батеријата. Phoneslinger е одлично решение за оние кои често патуваат, одат во природа и не се во можност да најдат соодветен полнач за смартфон кога ќе им затреба.
Телефонот треба само да се намести во футролата, да се вклучи надворешната батерија и полнењето започнува штом се запали зелено LED светло.
Се затвора со магнет што истовремено овозможува заштита и лесен пристап на корисникот до телефонот. Phoneslinger е направена од специјална ткаенина наречена Duo-Tone Nylon D600, којашто е обложена со PE пластика. Отпорна е на секакви временски прилики, а внатрешноста е изработена од мек материјал за заштита од гребаници и удари.
Производот има своја кампања на платформата Kickstarter којашто трае уште 15 дена.